„Реалноста е таква што нема шанси Киев во скоро време да му се придружи на НАТО“, кажа Џонсон, но додаде дека самата Украина треба да одлучи.
Претседателот на Русија Владимир Путин долго аспирациите на Украина да влезе во НАТО ги опишува како егзистенцијална закана за Русија, што западниот воен пакт го демантира.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави вчера дека Украина сфатила дека не може да се придружи на НАТО, што е негово најексплицитно признание дека целта, која е содржана во уставот на Украина, веројатно нема да биде исполнета.
По неколкуте рунди од преговорите на Русија и Украина, Зеленски изјави дека руските барања стануваат „сè пореалистични“.
Русија на 24 февруари почна воена инвазија на соседна Украина, наведувајќи дека тоа е специјална воена операција чија цел не е заземање туку „демилитаризација и денацификација“ на таа земја.






