Додаваат дека Русија продолжува да напаѓа украински цивили, но без да дадат докази за тоа.
„Руските операции и понатаму се фокусирани на регионот Донбас, во Мариупол и Миколаев, со поддршка од континуирани лансирања на крстосувачки проектили во Украина од страна на руските поморски сили.
Се очекува руските воздушни активности да се зголемат на југот и истокот на Украина.
Меѓутоа, руските обиди да воспостават коридор меѓу Крим и Донбас и понатаму се спречени од украинскиот отпор“, сметаат британските воени разузнавачи.






