Адмиралот лорд Вест, поранешен врховен командант на британската морнарица, за Радио Тајмс рече: „Со можностите што ги имаме ние и Американците во однос на сателитите, владиниот центар за комуникации и НСА, всушност многу точно знаеме што се случува, понекогаш мислам попрецизно отколку што мислат Русите“.
Тој рече дека коментарите на британскиот министер за вооружени сили Џејмс Хипи, кој рече дека Русија не ги повлекува војниците од границата, ќе излезат точни.
„Секако дека Русија не го прави она што го кажува во смисла дека повлекува сè“.
На прашањето а што ако Русија блефира, адмиралот одговори: „Па тогаш супер! Алтернативата е војна во Европа во која би можеле да загинат десетици илјади луѓе“.
Одговарајќи на коментарите на поранешниот советник на Владимир Путин, кој рече дека Западот реално не ја слуша Русија сѐ додека таа не почне да распоредува тенкови и војници, лорд Вест рече дека Британија ја „занемарувала“ важноста на одржувањето на дијалогот со Русија по Студената војна.






