„Откако го презеде Керсон на почетокот на март, Русија се обидува да ја легитимира својата контрола врз градот и околните области преку формирање на проруска администрација”, објави Министерството за одбрана во билтен на Твитер во неделата.
Трајната контрола на Русија врз регионот и транспортните врски, ќе ја засили руската способност да го поддржи воениот напредок на север и запад и да ја подобри безбедносната контрола на блискиот Крим, се додава.






