„Скептична сум во поглед на мировните договори бидејќи (рускиот претседател Владимир) Путин сè уште води војна во Украина. Тој мора да прогласи прекин на огнот и да ги повлече своите трупи за тие мировни договори да се сфатат сериозно“, изјави Трас за Би-би-си.
„Ако не обезбедиме дека Владимир Путин ќе изгуби во Украина, голема е веројатноста тој да сака да оди понатаму. Мораме да го сопреме по секоја цена“, порача Трас, додавајќи дека Путин е „вистинската закана со која светот се соочува“.
На новинарското прашање што мисли со тоа „по секоја цена“, Трас кажа дека мора да се направи сè за да се санкционира „рускиот режим“.
„Сега испраќаме противвоздушно оружје (во Украина) бидејќи не сакаме овој судир да продолжи. Затоа сега мораме да бидеме решителни“, истакна британската министерка.






