Англија претходно годинава ги укина сите ограничувања во врска со коронавирусот, вклучувајќи ја законската обврска за самоизолација кога е тестот позитивен и обврската за носење маски на јавните места, пишува Ројтерс.
Бројот на случаи на ковид-19 во Британија почна да расте на почетокот на минатиот месец, а до крајот на март се проценуваше дека едно од 13 лица е позитивно на вирусот, што е најголемата бројка од почетокот на пандемијата.
Компанијата Изиџет откажа над 200 летови за време на викендот и најави дека денес ќе бидат откажани уште 60 летови.
Бритиш ервејз викендов исто така откажа летови, наведувајќи дека проблемот со коронавирусот влијае на авиокомпаниите, аеродромите и на авионскиот сообраќај генерално.






