По мирното прво полувреме на Стемфорд Бриџ, следуваше вистинска бура во вториот дел. Ридигер со гол во 48. минута го отвори резултатот и му донесе водство на Челси од 1-0.
Но само две минути подоцна Јанелт изедначи на 1-1, а во 54. минута Кристијан Ериксен постигна гол за комплетен пресврт и водство на Брентфорд од 2-1.
Во 87. минута Јанет даде уште еден гол за 3-1 за гостите, а конечните 4-1 беа дело на Виса во 87. минута од натпреварот.
За разлика од Челси, Манчестер Сити ја оправда улогата на фаворит против Барнли и победи со 2-0. Тимот на Пеп се врати на врвот во Премиерлигата каде Ливерпул престојуваше на кратко.
Двата гола беа постигнати во првиот дел, напрво Де Брујне во 5. минута донесе водство од 1-0, а во 25. минута Гиндоган погоди за 2-0.
Во другите мечеви Лидс и Саутемптон одиграа нерешено 1-1, Вулвс со 2-1 ја победи Астон Вила, немаше погодоци на дуелот меѓу Брајтон и Норич.






