понеделник, 30 март 2026

Босна и Херцеговина побара итен прием во ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

Турковиќ го испрати апелот откако уште неколку земји ги изнесоа истите барања по руската инвазија на Украина.

„Во овие тешки и неизвесни времиња за безбедноста на Европа, ве молиме на Босна и Херцеговина веднаш да ѝ доделите статус на кандидат за членство во Европската Унија“, напиша Турковиќ на Твитер, пренесува босанскиот портал Кликс.

Како што истакна, пристапувањето во Европската Унија го гарантира мирот и стабилноста на Босна и Херцеговина и на Западниот Балкан.

Примање во членството на Европската Унија по итна постапка претходно побара Украина, а по неа и Грузија и Молдавија.

Европскиот парламент препорача на Украина по итна постапка да ѝ се додели статус на кандидат, а лидерите на ЕУ за тоа може да расправаат на самитот следниот месец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ