петок, 2 јануари 2026

Борис Џонсон: Постои реална шанса Русија да победи во војната (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Коментирајќи ги извештаите на воените претставници дека Русија може да победи во војната, Џонсон рече: „Тажно е дека постои реална шанса за тоа. Путин има огромна војска. Неговата политичка позиција е исклучително тешка бидејќи направи катастрофална грешка”.

 
„Единствената опција што ја има сега е да продолжи со својот застрашувачки пристап, предводен од артилеријата која се обидува да ги израмни украинските градови со земја“, рече Џонсон.
 
„Во Мариупол е блиску да обезбеди копнен коридор до Крим. Ситуацијата е непредвидлива во оваа фаза. Мора да бидеме реални околу тоа“, додаде британскиот премиер.
 
Џонсон додаде дека: „Украинците покажаа неверојатен хероизам“ во војната. „И покрај сета воена супериорност со која располага Путин, тој не успеа да го победи духот на украинскиот народ“.
 
Џонсон рече дека Британија ќе испрати уште артилериско оружје во Украина и потврди дека следниот месец повторно ќе ја отвори амбасадата во Киев.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ