среда, 1 април 2026

Борел: ЕУ сака војната во Украина да заврши, но не по секоја цена

Објавено на

часот

Сподели

„Ние сакаме војната да заврши што побрзо, но не по секоја цена“, кажа Борел вчера во Европскиот парламент.

„Бидејќи ако добиеме уништена земја која е територијално распарчена и неутрализирана, со милиони луѓе избегани во странство, и милиони луѓе мртви, тогаш не, не сакаме војната така да заврши.

Затоа мораме да продолжиме да ја вооружуваме Украина… Повеќе оружје, тоа е тоа што Украинците го очекуваат од нас, и тоа и го правиме“, кажа Борел.

Борел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен оваа недела треба да отпатуваат во Киев, најави Брисел. ЕУ минатиот месец соопшти дека двојно ја зголемува воената помош на Украина на 1 милијарда евра.

Повиците да му се испратат поголеми количества оружје на Киев се засилија откако Украина ја обвини Русија за воени злосторства во градот Буча, во близина на Киев. Русија, чии војници се повлекоа од таа област минатата недела, негира дека руски војници убивале цивили во Буча или на кое било друго место, и тврди дека Киев води кампања со дезинформации за да ја излаже јавноста.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ