понеделник, 22 декември 2025

Борче Стаменов од „Донирај компјутери“ и доц. д-р Ирфан Ахмети добитници на државната награда „Мајка Тереза“

Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ одлучи наградата за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери, во 2025 година да им се додели на Борче Стаменов од „Донирај компјутери“ и на доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од Министерството за култура и туризам, наградата ќе им биде врачена на добитниците на 26 вгуст годинава во 11 часот (вторник) во македонското Собрание.

„Мајка Тереза“ е државна награда со која се оддава признание за остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери. Во една година можат да се доделат најмногу до две награди. Се доделува на 26 август – денот на раѓањето на Мајка Тереза. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ