По поразот од Гостивар по кој Вардар ги загуби шансите за второ место, Никола Глигоров си поднесе оставка, а него ќе го наследи Бобан Грнчаров кој беше дел од стручниот штаб.
„Поранешниот капитен и сегашен член на стручниот штаб на нашиот клуб Бобан Грнчаров од денеска е назначен за вршител на должноста шеф на стручниот штаб до крајот на оваа сезона“, соопшти Вардар.






