вторник, 23 декември 2025

Благоја Милевски ја доби најдобрата роденденска честитка

Објавено на

часот

Сподели

Благоја Милевски е запишан во историјата на македонскиот фудбал како селекторот кој прв однел наша репрезентација на големо натпреварување кога со Македонија У21 се пласираше на Европскиот шампионат.

Голем дел од таа генерација сега игра под негово водство во сениорскиот состав и не престанува да прави чуда.

Вчерашната сензација во Палермо се случи на ден пред роденденот на Благоја Милевски. Тој денеска полни 51 година, а подарокот му стигна вчера. Победа над Европскиот шампион и меч со Португалија за пласман на Светско првенство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ