„Зошто Општината Шуто Оризари и особено МЖСПП не си ја исполнуваат законската обврска за надзор и контрола и не преземаат мерки против сторителите кои ја полнат депонијата? Последиците од негрижата за таа депонија, нејзината околина и воопшто животната средина во Скопје… сите ги трпиме… цел град се гуши… поради болни умови… расте брјот на заболени…“, напиша Ивановска.
Билјана Ивановска за депонијата во Визбегово: Ветија парк, ама …
Пожарот што се случи во Визбегово е близу дивата депонија, за која работевме предмет во ДКСК во 2020 год… По многу вложен труд и 20 милиони денари од Буџетот на државата и Министерството за животна средина се успеа да се исчисти и се најави изградба на парк… Наместо тоа повторно сме сведоци на дива депонија односно еколошка катастрофа, напиша денеска на својот фејсбук-профил поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата по написот на МКД.мк за одлуката на ДКСК за оваа депонија.

Објавено на
часот