недела, 29 март 2026

Би-би-си: На социјалните мрежи се шират лажни видеа од руски напади

Објавено на

часот

Сподели

Иако има и многу вистински снимки, некои вирални клипови што собраа стотици илјади прегледи покажуваат настани од минати конфликти или од стари воени вежби. Многу од нив се чини дека доаѓаат од корисници што објавуваат содржина без проверка.

Сервисот Би-би-си видел видеа од руско-украинската војна во 2014 година, од либиската војна во 2011 година и од експлозиите во Бејрут во 2020 година како масовно се шират сега претставувани како да се од сегашната руска инвазија во Украина.

Во еден пример, поранешен украински амбасадор во САД твитна видео за кое тврдеше дека е снимено во Мариупол, но верзијата на истиот клип беше поставена на Тикток пред неколку недели и покажува како гром удира во електрана.

Друго вирално видео во кое тврди дека прикажува руски воени падобранци како слетуваат во Украина за прв пат се појавило на интернет во 2016 година.

Се чини дека Твитер презема проактивна улога во отпорот против лажните содржини: отстрани неколку видеа за кои проверувачите на факти и истражувачите докажаа дека се стари или лажни, вели Би-би-си.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ