На седум кола до крајот на сезоната Манчестер Сити ја задржа предноста од еден бод пред Ливерпул отоако денешното дерби меѓу нив заврши нерешено.
Сити имаше фуриозен старт на мечот, најпрво Стерлинг пропушти огромна шанса за гол, а потоа во петтата минута Де Брујне постигна гол за водство од 1-0.
Но предноста на Сити не траеше долго, Диого Жота во 13. минута го изедначи резултатот на 1-1.
Сепак Манчестер Сити со предност отиде на одморот откако Габриел Жесус даде гол за водство од 2-1.
На самиот почеток од вториот дел Садио Мане по одлична асистенција од Салах постигна гол за израмнување на 2-2, што беше и конечен резултат.
До крајот на мечот имаше голема борба и шанси, но ниту една екипа не успеа да дојде до трите бода.
Манчестер Сити останува во пол позиција за титулата, Ливерпул ќе чека кикс на ривалот.






