четврток, 9 април 2026

Бесими: Со новиот ребаланс дефицитот ќе биде поголем, а нема да има ставки за мебел и возила

Објавено на

часот

Сподели

„Неизбежно е дефицитот да биде поголем за да можеме со овие политики да реагираме навремено и со соодветен обем. Тоа е исто како со антибиотикот – ако не го дадеш на време и во точна количина или ако не се доволни дозите, тоа ќе создаде пореметување на организмот. И тоа е за нас предизвик, рече Бесими на економскиот форум „Заматен поглед нанапред: Многубројни неизвесности ги поткопуваат економските изгледи?” што го организира „Фајнанс тинк“.

Во кризни ситуации, според Бесими, најважен е обемот и времето на излегување на мерките, како и да се обезбедат доволно енергенси и храна, да се стабилизираат цените и да се одржи ликвидноста на стопанството.

„Новата нормала е да научиме да живееме во криза, односно покрај долгорочните мерки, мора да имаме и бафери кои ќе реагираат и на краток рок. Во конкретниот случај, зборуваме за јавен долг од 60 проценти кој оваа година ќе достигне 63,5 проценти, а потоа постепено да се намалува и во 2026 година да биде под 60 проценти. Исто е и со дефицитот. Почнавме во 2021 година со консолидација и од 8,1 процент успеавме да завршиме на 5,4 проценти. Годинава планиравме дефицит од 4,3 проценти и наредна година да го намалиме, но очигледно дека со ребалансот што го подготвуваме, ќе одиме со поголем дефицит, рече Бесими.

Министерот најави дека и понатаму ќе се реагира со мерки, а на среден рок, според него, важни се мерките за фискална консолидација и структурните реформи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ