понеделник, 16 февруари 2026

Бесими: Никој не вели дека ќе биде лесно, но ќе има борба, за да граѓаните што помалку ги почувствуваат притисоците од руско-украинскиот конфликт

Објавено на

часот

Сподели

Бесими посочува дека укинувањето на ДДВ за основните прехранбени производи е резултат на измените на Законот за ДДВ, предложени од Министерството за финансии како дел од 26-те антикризни мерки за справување со тековната ситуација предизвикана од руско-украинската криза.

„Ќе истакнам повторно, никој не вели дека ќе биде лесно, но стоиме зад тоа дека ќе има борба, од Владата, за да граѓаните што помалку ги почувствуваат притисоците од руско-украинскиот конфликт. Тоа впрочем го докажавме и со антикризните мерки за време на пандемијата со кои значително беа амортизирани ефектите врз економијата и за кои добивме најдобри оценки од меѓународните финансиски институции,“ наведува Бесими во статутот на Фејсбук.

Од денеска со нула проценти ДДВ се продаваат лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8 проценти, 3,2 проценти и 3,5 проценти, свежото месо, оризот и јајцата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ