
Од вечер на полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 94,5 денари/литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по 96,5 денари/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,903 ден/кг и сега ќе изнесува 54,339 ден/кг.
Дизелот и натаму ќе чини 86 денари/литар, а екстра лесното масло за домаќинство 84 денари/литар.
Од РКЕ велат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,216%, кај дизелот за 0,650%, кај екстра лесното масло за 1,312% и кај мазутот зголемувањето е за 3,708%.






