понеделник, 22 декември 2025

Бензема: Со Мбапе ќе постигнуваме двојно повеќе голови

Објавено на

часот

Сподели

Наскоро ќе заврши трансфер сагата на Килијан Мбапе и ќе се знае дали тој ќе направи трансфер во Реал Мадрид или ќе остане во ПСЖ.

Во меѓувреме двете страни го врбуваат, а задачата да го прави тоа од Реал Мадрид ја има Карим Бензема која игра заедно со Мбапе во француската репрезентација.

„Кога ќе го земеме Килијан Мбапе, ќе даваме двојно повеќе голови“, вели Бензема.

„Сакам да играм со Мбапе во националниот тим и би сакал да играм со него во ист клуб, тоа е сигурно. Мислам дека би давале двојно, а можеби и тројно повеќе голови кога би играле заедно“.

„Дали би се вклопил со мене и Винисиус? Да, многупати сум го рекол тоа. Со Мбапе се разбираме многу добро, знаеме што сака да направи другиот на теренот. Перфектно е“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ