Милан го искористи ремито на Интер против Фиорентина и ја зголеми предноста во борбата за Скудетото.
Росонерите имаа неколку одлични шанси во првото полувреме, но не ги искористија.
Клучниот момент се случи во 59. минута кога Жиру мајсторски му ја намести топката на волеј на Бенасер, а тој постигна прекрасен гол за водство на Милан од 1-0, што беше и конечен резултат.
Во самиот финиш Каљари ја имаше единствената шанса на мечот, ја погоди пречката, малку фалеше да освојат бод.
Милан има 66 бодови на табелата, Наполи е втор со 63, Интер има 60 и натпревар помалку.






