недела, 15 март 2026

Белгија дозволува четиридневна работна недела поради пандемијата

Објавено на

часот

Сподели

Откако седумчлената владејачка коалиција постигна договор, премиерот Александаер де Кро кажа дека пандемијата на коронавирусот ги присилила луѓето на работа во пофлексибилни услови и комбинирање на приватниот и деловниот живот.

„Тоа доведе до нови начини на работа“, кажа Де Кро.

Работниците кои тоа ќе го побараат ќе можат да работата до десет часа на ден, ако на тоа се согласат синдикатите, наместо најмногу осум како до сега, за да работат еден ден помалку за истата плата.

Исто така, ќе може да одберат дали ќе работат повеќе во една недела и помалку во следната.

Договорот предвидува и право работникот да не му биде на располагање на работодавачот по истекот на работното време.

Тоа ќе се овозможи на фирмите со повеќе од 20 работници.

Се дефинираат и нови правила за платформските работници, односно оние кои работат за платформи како Убер, вклучувајќи нови критериуми по кои се сметаат за вработени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ