четврток, 9 април 2026

Бектеши: Украина да биде лекција за ЕУ и итно да отвори преговори за Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Бектеши, како што јавува МИА од Атина, истакна дека ЕУ не треба да дозволи Западен Балкан да биде и натаму „црна дупка на Европа“.

Тој информирал дека Македонија веќе 15 години има статус на кандидат и нагласил дека поради одолговлекувањето на отворањето на преговорите со ЕУ, дел од граѓаните ја губат довербата кон Унијата. Ситуацијата во Украина, рече тој, треба да даде дополнителен поттик за отворање на патот кон ЕУ.

„Членството на НАТО ни носи безбедност и стабилност, но просперитет нема да имаме без прогрес во ЕУ“, истакна Бектеши.

Говорејќи за последиците од војната, истакна дека ни Северна Македонија не беше исклучена од негативните ефекти на конфликтот и детално ги објасни мерките што Владата, односно пакет од 26 антикризни мерки во вредност од 400 милиони евра со цел брзо и ефикасно справување со неминовниот ценовен шок кој што се очекуваше.

Бектеши рече дека иако трговската размена со Русија е околу еден отсто од вкупната размена на земјата, а размената со Украина е околу 1,5 проценти, што значи дека конфликтот нема директно влијание врз трговскиот баланс, но додаде дека сепак, прелевањето на кризата на европските пазари со кои земјата ја остварува најголемата трговска размена, има големо влијание врз економијата.

Паралелно ги спомена и инвестициите и проектите со соседите, осврнувајќи се на интерконекторот со Грција што е важен за диверзификација и намалување на зависноста од рускиот гас и што „ќе донесе поголема енергетска стабилност и безбедност во целиот регион”.

На пенел дискусијата, заедно со Бектеши учествуваа и генералниот секретар во Министерството за надворешни работи на Грција Јоанис Смирлис, програмскиот менаџер за јужна Европа од Светската банка Горан Тињич и Топлица Спасојевиќ од Српско здружение на економисти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ