„На средината на оваа година ќе започне изградбата на интерконекторот за гасно поврзување со Грција, со што Северна Македонија ќе се поврзе со Јужниот гасен коридор, на тој начин гасот од Азербејџан ќе стигне и на нашиот пазар“, порача министерот Бектеши од Баку.
„За Владата на Република Северна Македонија, изградбата на национален гасоводен систем, неговото поврзување со регионалните гасоводни системи, како и изградба на дистрибутивните системи за природен гас е еден од приоритетите во делот на изградба на енергетска инфраструктура“, рече министерот Бектеши.
Во рамки на Министерскиот состанок, министерот Бектеши оствари билатерална средба и со министерот за енергетика на Азербејџан, Правиз Шахбазов.






