Двајца играчи од Барселона и тројца од Реал Мадрид се помеѓу петмината фудбалери со најголеми плати во Ла Лига.
На врвот е Жерард Пике со месечна бруто плата од 2.330.000 евра а потоа следуваат Герет Бејл и Еден Азар со примања од 2.270.000 милиони. Серхио Бускетс има месечна бруто плата од 1.910.000 милиони, додека пак летното засилување Давид Алаба има примања од 1.880.000 евра.
Бројките сигурно нема да им се допаднат на навивачите на Реал Мадрид, со оглед на тоа дека Герет Бејл и Еден Азар овој месец не одиграа ниту една минута а клубот ќе го чинат нешто над 4,5 милиони евра.
Герет Бејл изминатиов викенд не настапи против Барселона, Карло Анчелоти објасни дека напаѓачот не се чувствувал добро, но тој вчера без проблеми тренираше со репрезентацијата на Велс и подготовките за баражот против Австрија.
Еден Азар пак го преседе цело „Ел класико“ на клупа, последен пат доби шанса против Алавес во февруари, кога одигра нешто повеќе од пет минути.
Gerard Piqué, Gareth Bale and Eden Hazard are the three highest-paid players in La Liga, per @lequipe. pic.twitter.com/JD328wHrkz
— Zach Lowy (@ZachLowy) March 22, 2022






