Јувентус одлучи да не му понуди нов договор на Пауло Дибала па напаѓачот ќе замине од Торино по крајот на сезоната. Со оглед на тоа дека нема да треба да се плати високо обештетување за негов ангажман, голем број на клубови пројавуваат интерес.
Според пишувањата на Ел Насионал, Барселона сепак нема да се обиде да го ангажира Пауло Дибала.
Весникот објаснува дека Чави не го сака Аргентинецот, тренерот смета дека фудбалерот е преценет и нефункционален за стилот на игра кои го негуваат „каталонците“.
Според Газета дело Спорт, мали се шансите Пуало Дибала да ја продолжи кариерата во Шпанија, бидејќи и Реал Мадрид не е заинтересиран за неговите услуги. Атлетико Мадрид и Севиља се единствените клубови кои пројавуваат каков-таков интерес, но тие не можат да си ги дозволат високите барања за плата и бонус за потпис.






