По загубените мечеви од Ајнтрахт Франкфурт, Кадиз и Рајо Ваљекано на Камп Ноу, Барселона конечно ги израдува своите навивачи откако ја победи Мајорка со 2-1.
Барса поведе со гол на Депај во 25. минута, 1-0 беше резултатот на полувремето.
По девет минути игра во вториот дел Бускетс зголеми на 2-0.
На десетина минути до крајот, Раиљо намали на 2-1. Тоа беше и конечниот резултат од натпреварот.






