недела, 21 декември 2025

Барса го победи Сосиедад, но Чави не е задоволен

Објавено на

часот

Сподели

Барселона не блескаше вчера, но ја оствари целта, ги освои трите бода од тешкото гостување кај Реал Сосиедад. Стрелец на единствениот гол на мечот беше Обамејанг во 12. минута.

Реал Сосиедад имаше повеќе чисти шанси, особено во второто полувреме, но Барселона успеа да одолее на нападите на противникот.

„Во второто полувреме Реал Сосиедад повеќе ја имаше топката од нас, не заслужија да загубат. Тие се многу добро трениран тим, а ние чувствувавме и замор од претходните натпревари. Во првото полувреме бевме добри, во второто не бевме“, вели Чави.

„Не можеме да бидеме горди на оваа игра. Стилот во второто полувреме не беше вистинскиот, но ова се златни три бода“.

„Не сум задоволен од играта, но сум задоволен од посветеноста, од борбата и од пожртвуваноста“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ