вторник, 31 март 2026

Балтичките држави и Бугарија протераа по 10 руски дипломати

Објавено на

часот

Сподели

Дипломатите се протерани во координирана одлука „во врска со активностите кои се спротивни на нивниот дипломатски статус и имајќи ја предвид руската агресија на Украина“, објави на Твитер летонскиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевичс. Естонското министерство за надворешни работи објави дека дипломатите ги протерало бидејќи „директно и активно ја поткопувале безбедноста на Естонија и ширеле пропаганда за оправдување на руската воена акција“.

Литванија објави дека руските дипломати ги протерала „од солидарност со Украина“. Руското министерство за надворешни работи не одговорило на барањето на Ројтерс за коментар.

Бугарското министерство за надворешни работи објави претходно денес дека десетте руски дипломати ги прогласило за непожелни и дека имаат 72 часа да ја напуштат земјата бидејќи се бавеле со активности кои не се во согласност со нивниот дипломатски статус.

Ова е втор бран на протерување руски дипломати од Бугарија. Софија на 2 март протера двајца руски дипломати со обвинување дека се бавеле со шпионажа. Бугарија ја осуди руската инвазија на Украина, а од октомври 2019 протера уште осум руски дипломати, сите осомничени за шпионирање.

Руската амбасада во Софија оцени дека одлуката на бугарската влада е „уште еден агресивен чекот на кој Москва соодветно ќе одговори“. Амбасадата во соопштението истакна дека протерувањата на дипломатите ги смета за знак дека Бугарија сака да ги сведе односите со Русија на минимум.

„Овој непријателски потег наскоро ќе добие соодветна оценка и реакција во согласност со новиот дух на билатералните односи“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ