петок, 2 јануари 2026

Бајден: Спорно е дали Русија го контролира Мариупол

Објавено на

часот

Сподели

„Спорно е дали тој го контролира Мариупол. Сè уште нема докази дека Мариупол целосно паднал“, додаде тој.

Тој истакна дека борбата за Киев била многу важна за украинскиот народ.

„Борбата за Киев беше историска победа за Украинците“, кажа Бајден. Додаде дека тоа била „победа за слободата која ја извојувал украинскиот народ со помош на САД и нивните сојузници“.

Американскиот претседател денес најави дополнителни 800 милиони долари воена помош на Украина.

Новиот пакет ќе вклучува тешка артилерија, 144.000 парчиња муниција и тактички дронови, кажа Бајден.

„Сега мораме да го забрзаме тој пакет помош, за да помогнеме Украина да се подготви за руската офанзива, која ќе биде поограничена во географска смисла, но не и во смисла на бруталноста“, кажа тој.

Истакна дека следната недела ќе поднесе официјално барање до Конгресот да одобри друг дополнителен пакет помош за Украина.

Американскиот претседател кажа дека размената на разузнавачки податоци е приоритет додека војната е во тек.

„Споделуваме и ќе продолжиме да споделуваме значителни навремени разузнавачки податоци со Украина за да помогнеме во борбата против руската агресија“, истакна Бајден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ