Официјални лица рекоа дека се зборувало за „напорите на САД да го соберат светот за поддршка на борбата на Украина против руската агресија, вклучувајќи ги и состаноците на претседателот оваа недела во Белгија и значајната воена и хуманитарна помош што САД и ја даваат на Украина“.
Тие разговараа за понатамошните напори да и се помогне на Украина да ја одбрани својата територија. Тие исто така разговараа и за тековните дејствија на Соединетите држави да го повикаат претседателот Путин како одговорен за бруталната агресија на Русија, во координација со нивните сојузници и партнери, вклучително и преку новите санкции што ги објави претседателот во Брисел на 24 март.






