недела, 29 март 2026

Бајден нареди „долгорочни санкции“ кон Русија и прати 7.000 војници во Германија

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот претседател Џо Бајден најави нови мерки за контрола на извозот, кои би можеле да запрат половина од увозот на висока технологија во Русија, погодувајќи ја Москва поради нејзината инвазија на Украина.

Говорејќи во Белата куќа, Бајден дека планира да санкционира дополнителни руски банки, меѓу кои и ВТБ.

„Путин е агресорот. Путин ја избра оваа војна. И сега тој и неговата земја ќе ги сносат последиците“, изјави Бајден пред новинарите во Белата куќа. Санкциите на земјите од Г7 ќе ја ограничат способноста на Русија да работи во долари, фунти или јени, додаде тој. Сите американски средства на петте водечки руски банки ќе бидат замрзнати, заедно со поединци што „лично имаат корист“ од политиките на Кремљ.

Тој рече дека планираните санкции против Русија ќе бидат „строги и разорни“.

„Путин ова го планирал со месеци, тоа го велевме долго време. Тој натрупа повеќе од 170.000 војници на границата. Ги отфрли сите дипломатски напори на САД и сојузниците. Со недели предупредуваме дека тоа ќе се случи. И сега тоа се одвива, горе-долу онака како што предвидовме“, рече Бајден.

Тој исто така рече дека Москва ја обвинила Украина за геноцид и агресија.

„Тие ги признаа таканаречените републики на украинска територија. Путин објави војна и за само неколку моменти врз Украина почнаа да паѓаат ракети“, рече Бајден.

САД ќе распоредат околу 7.000 војници во Германија, потврди Пентагон денеска. Бајден изјави дека американските трупи нема да влезат во Украина и дека ќе ја бранат само територијата на НАТО.

Бајден им рече на новинарите дека војниците што се упатени во странство се дел од силите што беа ставени во зголемена готовност минатиот месец. Пентагон подоцна појасни дека вклучената единица е борбен тим на оклопна бригада и неговите елементи за поддршка.

НАТО, исто така, ги активира плановите за одговор и собира „сили со висока готовност“, кои ќе бидат распоредени доколку и кога ќе биде потребно, според американскиот претседател, кој рече дека блокот е „пообединет и порешителен од кога било“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ