вторник, 31 март 2026

Бајден го нарече Путин „воен злосторник“, Кремљ: „Непростливо“

Објавено на

часот

Сподели

Досега, администрацијата избегнуваше да ја користи таа фраза, дури и кога беше директно прашувана.

Говорејќи пред новинарите по настанот во Белата куќа во средата, Бајден рече: „Мислам дека тој е воен злосторник“, пренесе Би-би-си.

Претходно во средата, државниот секретар Антони Блинкен рече дека САД „напорно се трудат“ да утврдат дали руските сили намерно гаѓаат цивили.

Запрашана дополнително да ги објасни коментарите од претседателот, прес-секретарката на Белата куќа Џен Псаки рече дека Бајден „зборува од срце и зборува од она што го видовме на телевизија, што се варварски дејствија на брутален диктатор преку неговата инвазија на странска земја“.

Сепак, таа додаде дека „правниот процес“ на истрагата на тврдењата за воени злосторства „продолжува да се одвива во Стејт департментот“.

„Зборовите на американскиот претседател Џо Бајден, кој го нарече рускиот лидер Владимир Путин ‘воен злосторник’, се неприфатлива и непростлива реторика“, рекол за ТАСС прес-секретарот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

„Сметаме дека е неприфатлива и непростлива ваквата реторика на шефот на државата од чии бомби загинаа стотици илјади луѓе низ целиот свет“, рече портпаролот на Кремљ.

Пред речиси точно една година, исто така одговарајќи на новинарско прашање, Бајден го нарече Путин „убиец“, но потоа, според рускиот лидер, американскиот претседател му се јавил и му рекол дека тоа не било намерно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ