Меѓународниот бизнис саем во Моста се одржува од денеска до 9 април е една од најважните саемски манифестации во Босна и Херцеговина по бројот на изложувачи и посетители. Мостарскиот саем е дел од мрежата на Здружението на изложувачи од југоисточна Европа (ЕАСЕЕ).
Унгарија како земја-партнер на овогодинешниот саем, ќе ги претстави своите економски потенцијали и можности за соработка. На саемот ќе учествуваат голем број изложувачи, доминантно од Австрија, Германија, Турција, Полска, Израел како потенцијална земја партнер. Присутни се и излагачи од Кина, предводени од технолошкиот гигант Хуавеј.
Саемот ќе биде збогатен со конференции, на регионално и меѓународно ниво од областа на животната средина, земјоделството и прехранбениот сектор, потенцијалот за развој на туристичките дестинации во пост ковид периодот, Б2Б-средби и образовни настани, нудејќи им на учесниците единствена понуда и комбинација од саемски и конференциски настани на едно место. Планирани се и тематски денови, а секој од нив ќе понуди придружна содржина поврзана со одреден сектор од економијата, што ќе им донесе уште подобра можност на учесниците да одржат конкретни деловни состаноци и да го подобрат бизнисот.
По саемот во Тирана во декември 2021 година, Коморскиот инвестициски форум на шесте земји од Западен Балкан (КИФ ЗБ6) организира заеднички штанд и во Мостар за 30 избрани мали и средни претпријатија (МСП) кои ќе бидат бидат дел од заедничка делегација што ќе учествува на „23 Меѓународен бизнис саем во Мостар“. Во рамки на штандот на КИФ учество ќе земат компании од земјоделскиот и земјоделско-прехранбениот сектор.
На заедничкиот штанд на КИФ ЗБ6 компаниите учесници од регионот на саемот ќе имаат можност за средба со шесте големи малопродажни синџири/дистрибутери (1 од секоја економија од ЗБ6) што ќе учествуваат во програмата.






