четврток, 25 декември 2025

Автомобил излетал од патот во кумановско Доброшане

Објавено на

часот

Сподели

ТППЕ Куманово во текот на ноќта имала интервенција во село Доброшане на превртено патничко возило голф. Пожарникарите интервенирале со едно противпожарно возило и петмина пожарникари од 23:30 до 01: 15 часот, соопшти РЦУК Куманово.

СВР Куманово денеска потврди дека вчера околу 23:30 часот на регионален пат Куманово-Свети Николе, патничко моторно возило „голф”, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ. Ж. (44) од Куманово, излетало од коловозот. Во незгодата е причинета само материјална штета, а екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ