Од светло жолтиот авион на германскиот логистички гигант излегувал чад додека се обидувал да застане, потоа се лизнал од пистата и се завртил и се преполовил во делот на задните тркала.
Двајцата членови на екипажот се „во добра состојба“, изјави шефот на пожарникарската служба на Костарика Хектор Чавес.
Сепак, дуото од Гватемала е испратено во болница на медицински преглед, вели Гвидо Васкез претставник на Црвениот крст.
„Пилотот беше потресен, но и двајцата членови на екипажот беа свесни и живо се сеќаваа на сè“, додаде Васкез.
Несреќата се случила откако авионот Боинг-757, кој полетал од меѓународниот аеродром во Сан Хозе, морал да се врати 25 минути подоцна на принудно слетување поради механички дефект. Екипажот ја предупредил контролата на летот за хидрауличен проблем.






