По еден голем кикс на голманот Ледесма, Жоао Феликс уште во третата минута му донесе водство на Атлетико Мадрид од 1-0.
Пред самиот крај на првото полувреме Негредо даде гол со глава за израмнување на 1-1.
Сепак во 68. минута, Де Пол со својот прв гол за Атлетико Мадрид во Ла Лига донесе победа од 2-1.
Следниот предизвик за Атлетико Мадрид е дуелот против Манчестер јунајтед на Олд Трафорд, првиот осминафинален меч заврши 1-1.






