вторник, 23 декември 2025

Атлетико Мадрид го победи Манчестер јунајтед на Олд Трафорд, Бенфика го помина Ајакс (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Едно невнимание на одбраната на Манчестер јунајтед беше доволно за Атлетико Мадрид да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
 
Клучниот момент се случи во 41. минута кога по асистенција од Гризман, Лоди погоди за водство на Атлетико Мадрид од 1-0 кое се покажа и како конечен резултат.
 
 
Манчестер јунајтед во вториот дел се обидуваше да дојде до израмнување, но тимот на Диего Симоене знаеше како да оддолее на нападите и на крајот се радуваше на голема победа.
 
Слично беше и на мечот меѓу Ајакс и Бенфика, и тој почна со нерешно, а заврши со победа на гостите.
 
Натпреварот го реши Нуњез со гол во 77. минута за победа на Бенфика во Амстердам од 1-0 и вкупен триумф од 3-2.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ