Атланта благодарение на одличната одбрана во последната четвртина дојде до победа над Кливленд. Во последните 12 минути се влезе со израмнет резултат, но во нив домаќините постигнаа само 17 поени и го загубија мечот.
Главната ѕвезда на Атланта, Тре Јанг беше и најдобар на теренот постигнувајќи 38 поени. Во составот на Кливленд, Марканен даде 26 поени.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=kXf35e6uDew autoplay:0]
Последната четвртина беше решавачка и на мечот меѓу Лос Анџелес Клиперс и Њу Орлеанс. Но тука домаќините влегоа со добра предност и успеаа да загубат.
Лос Анџелес Клиперс водеше со 84-74 на почетокот од последниот период и успеа да загуби. Постигнаа само 17 поени, Њу Орлеанс даде 31 и победи за пласман во плеј-офот.
Инграм со 30 поени беше најдобар кај Њу Орлеанс, Џексон и Морис Марк постигнаа по 27 за Лос Анџелес Клиперс.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=RwvbD7aDoFM autoplay:0]
Резултати:
Кливленд – Атланта 101:107
ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 101:105






