четврток, 25 декември 2025

Асистенција на Ристовски за гол на Оршиќ во пораз на Динамо Загреб од Севиља (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Стефан Ристовски и Аријан Адеми со пораз од Севиља се враќаат во Загреб, но надежта за пласман понатаму се уште не е згасната.
 
Резултатот беше отворен во 13. минута кога Ракитиќ од пенал постигна гол за водство на Севиља од 1-0.
 
Во 41. минута Динамо Загреб изведе една убава долга акција во која Стефан Ристовски асистираше, а Оршиќ постигна гол за израмнување на 1-1.
 
 
Но потоа следуваше голем пад на хрватскиот тим, за три минути Севиља даде два гола преку Окампос и Марсијал и на полувремето имаше водство од 3-1.
 
Со тој резултат и заврши мечот, во вториот дел Динамо Загреб имаше неколку убави шанси да постигне нов гол, но не успеа.
 
Капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми ги одигра сите 90 минути, Стефан Ристовски од игра беше изваден во 76. минута.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ