понеделник, 22 декември 2025

Арсовски: Владините мерки за штедење се задоцнети и смешни

Објавено на

часот

Сподели

„Поттикнати од лошите реакции на јавноста за трошењето на над 2 милиони евра за само неколку месеци на непродуктивни трошоци и тоа за луксузирање на нивните министри и функционери, вчера замислете, Ковачевски се пофали дека забранил да се набавува мебел за институциите на Владата. Забранил да се набавува мебел. Ковачевски, повторно доцни со мерките, како и со се останато“, рече Арсовски.

Според него, џабе им се мерките за забрана за набавка на мебел, од едноставна причина – интитуциите веќе си набавија мебел од стотици илјади евра изминативе неколку месеци откако знаеле и институциите и Владата дека ќе има сериозна економска криза која што ќе се одрази на живеењето на граѓаните.

„МВР изминатиов период откако знаеле дека ќе има економска криза, наместо да прекинат со такви постапки за непродуктивни трошоци, набавиле мебел во вредност од 250.000 евра, или 15.400.000 денари. Ако ова не е смеење на Владата кон граѓаните во лице, не знам што друго да кажам. Секретаријат за европски прашања, каде што од пред неколку месеци е Бојан Маричиќ, си набавил мебел и услуги за перење автомобили во вредност од 700.000 денари.

Бујар Османи, министерството за надворешни работи набавил мебел изминативе неколку месеци откако знаеле дека ќе има економска криза, во вредност од над 20.000 евра или 1.370.000 денари, само за мебел, само за луксузот на Бујар Османи во зградата на министерството за надворешни работи. За кое што сите знаеме дека таа зграда е стара неколку години, и е буквално опремена со се што е потребно за функционирање и работење од страна на вработените пропратено со мебелот кој што им е неопходен и потребен.

Дополнително Љупчо Николовски во министерството за земјоделие иако знаел дека ќе има криза наместо да им помага на земјоделците, тој си набавил услуги за перење на автомобили во висина од 470.000 денари. Тоа се над 2.000 перења на коли годишно.

Само за мебел изминативе неколку месеци Владата потрошила околу 300.000 евра кои што нормално можеле да се искористат за многу други работи и да им се помогне на граѓаните. Поважно на оваа Влада, на овие функционери им е да седат во удобни фотелји и да се возат во секојдневно перени автомобили, отколку да им помогнат на граѓаните, да им помогнат на најранливите категории, да им помогнат на земјоделците и сите останати“, рече Арсовски.

Според него, оваа Влада и новиот премиер Ковачевски, се само една бледа копија и сенка на Зоран Заев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ