понеделник, 8 декември 2025

Арсовски: Владата иако знаела дека ќе има криза, набавила над 400.000 кафиња

Објавено на

часот

Сподели

„Владата изминативе месеци потрошила повеќе од два милиона евра само на луксуз – пред Нова година само за хотелски услуги потрошени се 200.000 евра само за хотелски услуги. Собранието за мобилна телефонија и услуги изминативе месеци склучиле договор и потрошиле, издвоиле од буџетот на граѓаните дури 11,8 милиони денари или приближно 200.000 евра за стотина луѓе да зборуваат на телефон во ваква криза. Службата за општи и заеднички работи троши 2,9 милиони денари или 50 илјади евра за режано цвеќе. За позлатен прибор за јадење 2,3 милиони денари или околу 40.000 евра. Три милиони денари или 50.000 евра за набавка на кафе преку СОЗР за Владата. Според некоја груба пресметка тоа се 400.000 кафиња или секој работен ден за една година во Владата треба да се пијат над 1.700 кафиња дневно. Наместо да работат, цел ден пијат кафиња.

Ова се само дел од расипничките трошења изминативе неколку месеци што ги правеле, иако знаеле дека граѓаните и државата ќе се соочат со ваква сериозна економска криза. Ова се само дел од непродуктивните трошења, а наредниве денови граѓаните ќе ги дознаат сите.

Оваа Влада и овој економски тим се срам за Република Македонија, срам за граѓаните на Република Македонија, и се уште едно неспособно поглавје од ерата на СДСМ на власт“, рече Арсовски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ