„Најстрашно е што претходното раководство платило 75.000 евра за веб страница и за услуга која никогаш не е испорачана, односно страницата не е функционална. Значи злоупотребата е двојна, секој лаик може преку едно истражување на пазарот да оцени и да види која е цената на чинење на една таква веб страница. Уште посимптоматично е тоа што требало да биде испорачано за 75.000 евра не е испорачно. Тоа се средства на граѓаните, кои треба да се трошат домаќински“, вели Арсовска.
Таа вчера изјави дека долго време го барале споменикот на Андон Јанев-Ќосето, кој во текот на 2018 година беше отстранет од пред Врховниот суд.
„Споменикот на Ќосето долго време го баравме и успеавме да го детектираме. Два месеци се обидувавме да го најдеме. Кружеа гласини дека е стопен. Да не се грижат гражаните, пронајден е споменикот. Во добра состојба е, а за негово поставување ќе ги прашаме граѓаните”, додаде Арсовска.






