недела, 21 декември 2025

Арсенал губи од аутсајдерите но ги „гази“ ривалите за топ 4 (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Топчиите“ наредија три порази откако загубија од Кристал Палас, Брајтон и Саутемптон, екипи кои на хартија се послаби и се во долниот дел на табелата.

Но потоа следеа две победи против Челси и Манчестер јунајтед за сега да биде совладан уште еден ривал за топ 4, избраниците на Артета со 1-2 славеа во лондонското дерби против Вест Хем.

Холдинг го отвори резултатот во 38. минута и по еден корнер донесе 0-1. Бувен во 45. минута се погрижи на пауза да се замине со 1-1.

Но по десет минути игра во второто полувреме, од нов прекин, Габриел погоди за 1-2 и три бода со кои Арсенал се врати во местата кои водат во Лигата на шампиони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ