недела, 21 декември 2025

Арсенал го победи Манчестер јунајтед и го откажа од борбата за четвртото место (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Арсенал имаше фантастично отворање на натпреварот, со гол на Тавареш уште во третата минута поведоа со 1-0.
 
Во 28. минута Нкетиа даде гол, но беше во офсајд, сепак при акцијата беше направен и фаул, па Арсенал доби пенал кој го реализираше Сака за водство од 2-0.
 
Манчестер јунајтед брзо намали, Кристијано Роналдо даде гол по асистенција од Матиќ во 34. минута и намали на 2-1. Погодокот му го посвети на својот починат син.
 
Манчестер јунајтед промаши голема шанса за изедначување во 57. минута, Бруно Фернандеш не реализираше пенал, ја погоди стативата.
 
Во 61. минута Кристијано Роналдо даде уште еден гол, но му беше поништен поради офсајд.
 
Десет минути подоцна Џака даде гол од далечина и ги постави конечните 3-1.
 
Сега Арсенал има шест бода повеќе од Манчестер јунајтед и натпревар помалку, па црвените ѓаволи реално ги загубија шансите за пласман на четвртото место.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ