Тимот на Артета игра во одлична форма, тоа го почувствува и Лестер кој со наведната глава си замина од Емирати.
Резултатот го отвори Парти, кој погоди со глава по еден корнер во 11. минута. Брзо потоа можеше да даде уште еден гол, но ја погоди пречката од голот на Шмајхел.
Во 58. минута поради игра со рака од Сојунчу во сопствениот шеснаесетник, беше досуден пенал за Арсенал кој го реализираше Лаказет за победа од 2-0.
Арсенал е на четвртото место на табелата со еден бод повеќе од Манчестер јунајтед, но има дури три натпревари помалку, па речиси и да нема сериозна закана за последното место кое води во Лигата на шампионите.






