вторник, 23 декември 2025

Аривабене објасни зошто Јувентус нема да го обнови договорот на Дибала: Работите се променија во јануари…

Објавено на

часот

Сподели

„Старата дама“ вечерва потврди дека Пауло Дибала нема да стави потпис на нов договор и ќе замине по крајот на сезоната. Двете страни пред неколку месеци си подадоа рака за нова соработка вредна 10 милиони евра по сезона, но Јувентус потоа реши да ја повлече понудата.

Двете страни денеска имаа нов состанок на кој не беше најден компромис па Марицио Аривабене вечерва објасни зошто Пауло Дибала нема да го обнови договорот.

„Јувентус нема да го обнови договорот на Пауло Дибала“ – изјави генералниот извршен директор.

„Со трансферот кој го направивме во јануари и ангажманот на Влахови, Пауло повеќе не е во центарот на нашиот проект. Затоа донесовме ваква одлука и решивме да не го обновиме договорот“.

„Средбата денеска беше пријателска и коректна. Лесно беше да го намалиме финансискиот дел од понудата, но Дибала седум години е дел од Јувентус и на тој начин ќе покажевме непочитување кон него“.

Претходно Аривабене говореше дека Пауло Дибала многу често се повредува, па сега беше запрашан дали ова е една од причините да не му се обнови договорот на напаѓачот.

„Одлуката е од технички карактер, никој никогаш не ги спорел вештините и квалитетот на Пауло. Во предвид беа земени различни фактори како должината на договорот и финансиските импликации“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ