Аргентина ја надигра и ја победи Италија на Вембли, Џорџо Кјелини го одигра првото полувреме од мечот, тоа беа неговите последни минути во италијанскиот дрес.
Ова беше дуел меѓу шампионите на Европа и Јужна Америка, меч кој се нарече Финалисима.
Резултатот беше отворен во 28. минута кога по асистенција од Меси, Лаутаро Мартинез постигна гол за водство на Аргентина од 1-0.
Пред самиот крај на првото полувреме, Лаутаро Мартинез се најде во улога на асистент, му додаде на Ди Марија, а тој убаво со лоб зголеми на 2-0.
Дибала во игра влезе во 91. минута, а три минути подоцна постигна гол за конечни Аргентина – Италија 3-0.






