Од асоцијацијата предупредуваат дека во суштина се работи за онлајн-измама која има за цел да навлекува посетители, кои свесно и со умисла се ставаат во заблуда дека наводно нивните компании-членки приредуваат онлајн- игри на среќа.
„ Овие измамнички вести упорно се пласираат на македонски и на англиски јазик. Сакаме јасно да ставиме до знаење дека казината „Фламинго“ (Гевгелија и Скопје), „Гранд Казино Адмирал“, „Луксор“, како и автомат клубовите „Астра“, „Адмирал“, „Апекс“, „Моцарт“ и „Спортлајф“ НЕ приредуваат онлајн игри на среќа согласно македонското законодавство за приредување игри на среќа! Лажните вести, кои измамнички го рекламираат спротивното се обид за злоупотреба на корпоративен углед на нашите членки. Оттука, добронамерно им препорачуваме на нашите посетители да се информираат од официјалните комуникациски канали на нашите членки“, се вели во соопштението на АПИС.






