понеделник, 22 декември 2025

Апасиев и Крмов се сретнаа со рускиот амбасадор: Изјавите на Османи се непромислени, русофобски и провокаторски

Објавено на

часот

Сподели

На 90-минутната средба, како што соопштија од Левица, се разговарало за актуелните домашни и меѓународни теми, со посебен осврт на, како што се наведува, „специјалната воена операција во Украина” и последиците од истата по меѓународниот поредок. Акцент бил ставен на „процесот на денацификација и елиминирање на заканите од екстремно-десничарските и радикалните неонацистички политички движења, кои се опсаност за секоја современа демократија”.

„Отворени беа и прашања од важност за Западен Балкан, како и за непромислените русофобски изјави на шефот на дипломатијата Бујар Османи, кои беа оценети како провокаторски и непријателски, и кои воопшто не придонесуваат кон развојот на традиционално добрите односи меѓу македонскиот и рускиот народ. Апасиев се огради од последните контроверзни дејствија на македонската дипломатија и потсети дека овие нецивилизирани антируски чекори воопшто не ја изразуваат волјата на мнозинството македонски граѓани”, пишува во партиското соопштение. 

Исто така, осудени биле и, како што стои во соопштението, „непотребните санкции кои Република Македонија, под притисок на ЕУ и НАТО, ги воведе спрема Руската Федерација”, од кои најголеми губитници ќе бидат токму македонските земјоделци, а потенцирана била и заканата од загрозување на досегашниот постоечки безвизен режим меѓу Москва и Скопје, што ќе го отежни патувањето и транспортот меѓу државите.

На средбата биле отворени и други важни прашања за културната и образовната размена помеѓу двете земји, а биле опфатени и теми од современата геополитика.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ